Лажни анти-вируси се во пораст, предупредува Google
Во своето 13 месечно истражување на 240 милиони веб сајтови Google откри дека 11.000 веб страни се инволвирани во ширење на лажни анти-вируси.
Измамниците ги прелажуваат луѓето така што поставуваат лажни страни кои му велат на корисникот дека има вируси и му сугерираат да си симне анти-вирус.
„Најновите лажни сајтови еволуираа и користат комплексни JavaScript-и да наликуваат како на легален Windows интерфејс. Во некои случаеви лажниот анти-вирус ја детектира верзијата на оперативниот систем на таргетираната машина и го прилагодува својот интерфејс. “ вели Google восвоето истражување во кое се вели дека лажните анти-вируси се 15% од севкупната бројка на детектиран штетен софтвер.
Лажните страни му нудат на корисникот да го купи нивниот софтвер, но понекогаш таргетираниот компјутер се полни со вируси и без да се изврши плаќањето, вели Google. Интересно е што половина од лажните анти-вируси се доставени преку реклами.
Штом ќе се инсталираат или се зарази компјутерите, тешко е да бидат отстранети бидејќи малициозниот софтвер ги блокира надградбите на Windows-от како и инсталирање на друг анти-вирус. За чистење потребно е повторно инсталацирање на оперативниот систем.
No comments:
Post a Comment