Saturday, June 5, 2010


Компјутерски вируси

Кратки програми способни да се залепат за други програми или датотеки и да се активираат при нивното извршување или да се пренесат заедно со нив.

Тоа се случува незабелезно за корисникот на компјутерот однесувајќи се на сличен начин како биолошките вируси поминувајќи низ фази на инкубација , размножување со самокопирање , „инфицирање“ на другите програми и датотеки и активирање на вирусот.

Постојат над неколку илјади компјутерски вируси со најразлични ефекти како скокање на пинг-понг топче на екранот , свирење на музика во определено време , бришење на порака , датотека или појава на неразбирлива содржина на документот , но има и такви компјутерски вируси кои ги оштетуваат системските програми на дискот , а и такви кои можат да направат и механички оштетувања на деловите на компјутерот.

Денес нивното пренесување е најбрзо и најголемо преку користењето на ИНТЕРНЕТ услугите.

Најпознати компјутерски вируси

W32/Mydoom.s@MM , W32/Netsky@MM , Exploit-MhtRedir.gen , VBS/LoveLetter@MM , Adware-Gator , W32/Pretty.worm , W97M.Melissa , Happy99.Worm W95.CIH(Chernobyl) , Concept, Party_Boot, Empire.Monkey , Peter II , YankeeDoodle , Stoned , Michelangelo итн.

Типови на компјутерски вируси:

  • Паразитски вируси
  • Вируси на стартниот сектор
  • Макро вируси
  • Кластер вируси
  • Мултипартитни вируси
  • Скриени ( најчести се тројанските коњи или тројанци)
  • Шеговити вируси
  • Мрежни вируси ( најчести се црви или worm)

Анти – вирусни програми

Програми кои ги откриваат и бришат компјутерските вируси.

Најпознати такви анти-вирусни програми се: McAfee VirusScan , Virex , Dr Solomon`s , Norton AntiVirus , Kaspersky , Nod 32 , BitDefender Antivirus 2008 и многу други.

ВАЖНО!!!

Секогаш на твојот компјутер нека биде активна најновата спуштена верзија на анти-вирусната програма!


No comments:

Post a Comment